Дали сте подготвени да придонесете во обликувањето на иднината?

ОКТА АД - Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY, 7 - ма година по ред нуди 2 стипендии за одлични дипломци, со што им дава можност да ги продолжат студиите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје или на универзитети во следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Нашата цел е да ја зајакнеме новата генерација на научници и професионалци во областа на енергијата, инженерството, еколошките науки и другите дисциплини кои ги поттикнуваат иновациите и одржливиот развој.

Дознајте повеќе за нашата програма за стипендии и направете го следниот чекор во вашата академска и професионална кариера!

За да аплицирате, мора да имате креирано профил. Доколку веќе имате профил, ве молиме внесете ги вашите податоци и продолжете со пополнување на вашата апликација.
Имате прашања или ви требаат повеќе информации?